Во Барселона го гледаа како голема надеж, а тој на 20 години ќе замине во Саудиска Арабија

Клубовите од Саудиска Арабија продолжуваат со фудбалскиот лов на играчи во Европа. Освен што ги убедуваат искусните и докажани фудбалери да заминат во Саудиска Арабија, цел им се и многу помладите.

Младиот играч на Барселона, Унаи Ернандес, е на пат да го облече дресот на Ал-Итихад во Саудиска Арабија. Унаи има само 20 години и во Барселона на него гледаат фудбалер за во иднина. Играчот за врска беше и капитен на младинскиот тим, а оваа сезона игра за резервниот тим на Барселона, а таму има 20 настапи, во кои постигна девет гола.

Актуелниот договор на Унаи со каталонскиот гигант истекува на крајот од сезоната, а иако Барселона се обидува да ја продолжи соработката, во прв план му е Ал-Итихад.

Тимот во којшто игра Карим Бензема на младиот талент од Барселона му понудил договор од пет милиони евра по сезона, пари кои секако не може да ги понуди неговиот актуелен клуб.

- Оглас -

Најнови вести