Младиот тим на Барселона за играчи до 18 години со победа го започна завршниот турнир во Евролигата. Каталонскиот тим славеше над Алба од Берлив со убедливи 118:46, а сите беа воодушевени од 12-годишниот Мохамед Дабоне.
Се работи за 208 сантиметри високо дете за кое се верува дека ќе има блескава кошаркарска иднина. Дабоне е роден во Буркина Фасо, а веќе го споредуваат со Виктор Вембањама младиот Французин кој беше избран како прв пик на драфтот пред неполна година.
На дуелот против Алба, 12-годишниот Дабоне играше 12 минути во кои постигна дури 21 поени, а имаше и шест скока. Промаши само три удари од поле, а неговата игра воодушеви многумина кои во него гледаат голем потенцијал.