Во Барселона не сакаат да се повтори 2023 година, фудбалерите добија забрана да слават против Еспањол (Фото)

Барселона може уште вечерва и официјално да биде нов шампион на Шпанија, но реалното сценарио е дека тоа ќе се случи утре. Реал Мадрид вечерва игра против Мајорка, па доколку загуби, што е малку веројатно, Каталонците веќе ќе бидат шампиони, но реалноста е дека тоа ќе се случи во четврток, на дуелот против лутиот градски ривал Еспањол, и тоа на негов терен.

Последната титулата за Барселона беше во 2023 година, и тоа на истото место на кое ќе гостуваат и во четврток, стадионот на Еспањол, но тогаш по последниот свиреж на судијата се случи вистински хаос. Фудбалерите на Каталонците започнаа да слават, а навивачите на Еспањол влетаа во теренот, па шампионот на Шпанија мораше да спасува „жива глава“ и да се евакуира во соблекувалните.

Сега фудбалерите имаат јасна наредба, не смее да се слави против Еспањол, тоа мора да биде достоинствено и веднаш да го напуштат тревникот и да се засолнат во соблекувалните. Ваквата наредба ја издал Ханси Флик, а фудбалерите ќе мора да ја почитуваат.

 

 

- Оглас -

Најнови вести