Во Барселона неконтролирано се шири корона-вирусот

Денеска беа потврдени нови четири случаи на заразени фудбалери во Барселона, па бројот на позитивни на корона-вирусот за неполни 24 часа достигна седуммина играчи.

Самуел Умтити, Гави, Усман Дембеле и Алехандро Балде се позитивни на последното тестирање и сега им се приклучија на претходно заразените Жорди Алба, Клеман Ленгле и Даниел Алвес.

Од клубот потврдуваат дека сите фудбалери се чувствуваат добро и дека се изолирани во своите домови.

Овој корона бран во Барселона доаѓа во најлош можен период. На 12 јануари каталонскиот гигант го очекува борба за Супер куп трофејот против најголемиот ривал Реал Мадрид.

Првиот следен меч на Барселона е тој против Мајорка на гости, на 2 јануари.

- Оглас -

Најнови вести