Останувањето на Усман Дембеле во Барселона е една од најголемите мистерии на последниот ден од зимскиот преоден рок. Француското крило не сакаше да го продолжи договорот со Барса, ниту си замина, па сега веројатно ќе треба до крајот на сезоната мечевите да ги гледа од трибините.
„Мислевме дека Дембеле има договор со друг клуб. Многу сум изненаден што Дембеле не прифати некоја од понудите на англиските тимови. Од наша страна, му дадовме добра понуда, но тој ја одби. Не беше проблемот во парите, агентот не ни објасни зошто одбија. Тешко е да разберам. Ова не е добро ни за него, ни за клубот. Не знам дали Дембеле ќе игра за нас, Чави има други планови“, изјави претседателот на каталонскиот клуб, Жоан Лапорта.