Во Барселона е толку лошо што и помошникот на Сетјен побегна (фото)

Барселона ја загуби титулата во Шпанија, го предаде тронот на Реал Мадрид, а со оглед на моменталната ситуација, тоа е најмал проблем во таборот на Каталонците.

Од растурена и нефункционална управа и играчи кои не го почитуваат тренерот Кике Сетјен, нов аларм вклучи и своеволното напуштање на „Камп ноу“ од страна на помошниот тренер Едер Сарабија. Сарабија е фатен на дело како пешки си замина од стадионот веднаш по поразот од Осасуна, притоа не го чекаше клупскиот автобус и колегите.

- Оглас -

Најнови вести