Роберт Левандовски беше најслабооценет фудбалер на Барселона во дербито против Атлетико Мадрид, кое го доби каталонскиот гигант со 1:0. Жоао Феликс беше стрелец на голот кој донесе голема радост за домашните навивачи.
Докажаниот голгетер Левандовски во Барселона дојде минатата сезона и во првата сезона ја освои титулата во Примера дивисион. Во првата сезона, во 46 меча даде 33 погодоци, а сезонава во 17 средби постигна осум погодоци.
Шпанскиот новинар Хосе Алварес, кој има блиски извори во Барселона, ексклузивно открива дека се размислува за раскин на договорот меѓу Левандовски и шпанскиот првак.
Телевизиски снимки покажуваа како Чави Ернандес бара од Левандовски да игра пресинг, но 35-годишниот Полјак едноставно не може да го следи ритамот на игра. Како замена за Левандовски би бил Витор Роке, кој ќе дојде во клубот во јануари.
Актуелниот договор на Левандовски со Барселона е до јуни 2026 година, а тој е еден од оние кои добиваат најголема плата во клубот, па со неговото евентуално заминување ќе се намали добар дел од финансискиот товар.