Во баварското дерби работите зависат од расположението на Баерн

1701 Монако – Брест (19.00 часот)

Ова е дуел на два тима коишто играат во Лигата на шампионите. Монако добро гази во домашната лига, втор е, ја има најдобрата одбрана, додека Брест е интересен тим на кој подобро му оди во ЛШ отколку во првенството. Ова се два цврсти тима кои ретко играат нерешено и не играат многу ефикасни мечеви. Кнезовите имаат проблеми со повреди, инаку и традицијата и домашниот терен ги фаворизираат нив.

Предлог тип: 1Х & 1-3 (1.95)

 

1801 Баерн – Аугсбург (20.30 часот)

Баварското дерби е дерби само затоа што се соседи, инаку според квалитетот, Баерн е далеку пред Аугсбург, а и традицијата вели дека Аугсбург во Минхен не победил девет години. Пред да дојде репрезентативната пауза, Аугсбург имаше серија од три меча по ред без пораз, цел месец не знае за пораз, а Баерн, кој нема пораз и прилично цврсто го држи врвот на табелата со пет бода предност пред вториот, имаше четири победи едноподруго.

Предлог тип: 1 & 3-5 (1.85)

 

1702 ПСЖ – Тулуз (21.00 часот)

Екипата на Тулуз беше во налет пред паузата, имаше три победи по ред, но вечерва гостуваат кај најсилниот француски тим кој нема пораз, има 6 бода предност пред вториот и има дадено 33 гола на 11 меча. Во минатата сезона, Тулуз во мај победи во Париз со 3-1, а и сега не се отпишани бидејќи Светците ќе бидат без суспендираниот Маркињос во одбраната и можеби ќе си ги чуваат силите за мечот од ЛШ во вторник против Баерн во Минхен.

Предлог тип: 1-3 I & 1-3 II (1.78)

 

1301 Хетафе – Валјадолид (21.00 часот)

Хетафе е тим кој има само една победа во 13 кола сезонава, но и покрај тоа, на табелата е пред Валјадолид, кој има еден бод помалку. Мадридскиот тим има дадено само 8 гола (повреден им е првиот стрелец Мајорал), но дури седумпати сезонава играа нерешено. Валјадолид со 25 примени гола ја има најслабата одбрана во лигата. Хетафе има серија од осум меча по ред со 0-2 гола, а овој тим во 2019 година ја извојува последната победа над Валјадолид.

Предлог тип: Х пол. (1.93)

 

1011 Плимут – Ватфорд (21.00 часот)

Гостите се подобар тим, по 15 кола имаат девет бода повеќе од Плимут. Ватфорд е еден од најефикасните тимови во англискиот Чемпионшип, додека Плимут ја има една од полошите одбрани. Ватфорд има само еден нерешен резултат сезонава, а Плимут само во последните четири кола ремизира двапати. Гостите се благи фаворити, но Плимут дома има само еден пораз сезонава, а Ватфорд ретко победува на гости и затоа не може да се каже дека гостите сигурно победуваат.

Предлог тип: Х2 & ГГ (2.15)

- Оглас -

Најнови вести