Бекот и капитен на Мореирензе, Жоао Аурелио го одбра најлошото можно решение во првото полувреме и беше казнет за големата грешка со пенал, по кој Рио Аве поведе со 1:0 во меч од португалското првенство.
Моментот од 36. минута беше интересен, а Аурелио требаш само да остави играта да тече, бидејќи голманот на Мореирензе лесно ќе го спречеше нападот на гостите и веќе ја имаше топката в раце.
Но, бекот на домаќините направи глупав потег, го фаулираше Мехди Тареми, кој потоа и го реализираше пеналот за 0:1. Да не беше реакцијата на Аурелио и фаулот, веројатно ќе беше досуден и офсајд во кој се наоѓаше Карлос Мане. Целата ситуација погледнете ја ОВДЕ.
Мореирензе и Рио Аве го играат вториот меч по кам-бекот на португалското првенство, а домаќините имаат уште едно полувреме за да се обидат да останат без пораз по рестартот на шампионатот. Во премиерната рунда во пост-корона ерата ја победија Боавишта со 1:0 на гостински терен.
Сосема спротивен план има Рио Аве, екипа што ќе се обиде да го поправи киксот од претходното коло кога загубија од Пашош Фереира со 2:3 на свој терен.