Црвена ѕвезда в среда од 18.45 часот го пречекува Штутгарт во петтото коло од Лигата на шампионите во фудбал, а пред овој натпревар германски медиуми излегоа со предупредувања и совети за нивните навивачи кои планираат да одат во Белград.
Според порталот swr.de, во Белград се очекува да пристигнат околу 2.500 навивачи на Швабите.
„Атмосферата во Белград е жешка, а ултрасите на Ѕвезда се познати по своето насилно однесување, дури и тунелот за играчите на овој клуб со традиција повеќе личи на воен бункер отколку на фудбалски стадион“, пишува во текстот.
Не се препорачува паркирање во близина на стадионот. За разлика од гостувањата во Мадрид и Торино, во Белград нема да има големи собири на навивачи на Штутгарт на плоштади, каде што би навивале.
„Јавното покажување на вашата клупска припадност, пеењето песни по улиците може да биде опасно. Не е добра идеја ниту да се носат дресови и навивачки реквизити ден пред натпреварот. Такси треба да се нарачува исклучиво од хотели или ресторани бидејќи обидите за измама при застанување на улица се честа појава во Белград. Дрогата и на улица не е невообичаена во метрополата со речиси 1,5 милиони жители. Водата од чешмите не е за пиење, нема систем за преработка на отпадни води. Белградските отпадни води директно се испуштаат во реките Сава и Дунав“, наведуваат Германците.