Во Белград се играше Евролига, а во салата грмеше „Аргентина, Аргентина“ (Видео)

Хрватска не успеа вторпат по ред да се пласира во финале на Светското фудбалско првенство откако загуби со 3:0 од Аргентина. Гаучосите уште во првото полувреме постигнаа два гола и најавија дека се подготвени за финале, а до крајот на средбата, јужноамериканскиот тим погоди уште еднаш.

Додека се играше дуелот Аргентина – Хрватска, истовремено во Белград траеше и дуелот од кошаркарската Евролига меѓу Црвена ѕвезда и Жалгирис. Српскиот тим победи со 77:73, а во еден момент навивачите во салата громогласно навиваа „Аргентина, Аргентина“.

Токму Аргентинецот во дресот на Црвена ѕвезда, Лука Вилноса, со 27 поени беше херојот за триумфот на српскиот тим против Жалгирис, а неговото шоу може да го видите ТУКА.

https://twitter.com/i/status/1602755423869739008

 

- Оглас -

Најнови вести