Белоруската фудбалска федерација го одложи мечот од 4-тото коло на Првата лига (тоа е втора лига по квалитет зад Премиерлигата на Белорусија) помеѓу Гомел и Арсенал Ѕјаржинск.
Средбата требаше да се игра утре, на централниот стадион во Гомел, но беше одложен за некој друг датум, затоа што постои сомневање дека еден играч на Арсенал е заразен со КОВИД-19.
Во единствената европска земја во која не запре фудбалот, до вчера имаше има 121 починати лица од коронавирусот.