5.8 C
Skopje
среда, 18 февруари 2026

Во Бенфика се разочарани од однесувањето на Винисиус: Тој не покажа никаква почит кон нас (Видео)

Многу реакции, многу изјави, многу обвинувања се слушнаа по завршувањето на дуелот меѓу Бенфика и Реал Мадрид, на кој гостите од Шпанија си заминаа победнички со 1:0.

Винисиус јуниор го даде единствениот гол, по кој Бразилецот славеше така што наиде на реакции кај домашната публика, но и кај фудбалерите на Бенфика. Дефанзивецот Самуел Дал беше на теренот, но вели дека не слушнал зошто ѕвездата на Реал Мадрид толку бурно реагираше и неколку минути одбиваше да игра. Винисиус тврди дека бил расистички навреден.

„Не знам, не бев таму блиску за да слушнам. Тој даде убав гол, но потоа покажа непочитување кон нашите навивачите, но и кон сите нас фудбалерите на Бенфика“, рече шведскиот интернационалец во дресот на Бенфика, Дал, а потоа продолжи: „Игравме против многу добар ривал. Можеби требаше малку повеќе да притиснеме. Добро е затоа што има и реванш, каде што ќе се обидеме да стигнеме до подобар резултат. Уште ништо не е готово. Резултатот е само 1:0, на претходниот меч победивме со 4:2, што значи дека сме постигнале четири погодоци. Се разбира дека можно е да одиме понатаму“, оптимистички најави Дал.

 Голот на Винисиус и начинот на којшто потоа прослави може да ги видите ТУКА.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар!
Внесете го вашето име тука

- Оглас -

Најнови вести