Во Бергамо денеска мора да се игра мечот меѓу Аталанта и Вилјареал, терминот се знае и е нетипичен за Лига на шампиони

Последниот меч во фазата по групи во Лигата на шампионите меѓу Аталанта и Вилјареал ќе се игра денеска во Бергамо од 19 часот, термин што е нетипичен за луксузното натпреварување.

Натпреварите оваа сезона се играат во два термини, од 18.45 часот и од 21 часот.

Вчера дуелот од Ф групата беше одложен поради снег, кој паѓаше постојано и не дозволи да се игра фудбал, па денеска двете екипи ќе мора да го одиграат дуелот што ќе одлучи кој ќе оди во осминафиналето заедно со Манчестер јунајтед.

https://twitter.com/BaldInBergamo/status/1468652018583678987?s=20

Црвените ѓаволи се сигурно први и ќе бидат во групата на носители на ждрепката за нокаут фазата на 13. декември, а Вилјареал ќе им се приклучи со реми, или победа на гостувањето во Бергамо.

Аталанта ќе мора да оди на победа, единствен исход што и одговара на популарната Ла Деа за да обезбеди настап во осминафиналето во ЛШ.

Сите останати 15 екипи што ќе играат во осминафиналето се веќе познати.

 

- Оглас -

Најнови вести