Бела снежна покривка го покри Берлин утрово, а снегот не донесе проблеми во главниот град на Германија, напротив, децата се среќни и уживаат, додека улиците и најголем дел од тротоарите се чисти, нема никакви проблеми во јавниот транспорт или за оние со автомобили.
Што се однесува до делот околу салата „Мерцедес-Бенц арената“, каде што вечерва од 18 часот македонската ракометна репрезентација игра со Швајцарија на последниот меч за нас на ЕП 2024, чисто е и проодно како речиси и воопшто да не паѓал снег.
Сите пристапни патеки кон салата се чисти, снегот е собран и нема никакви проблеми за навивачите кои вечерва ќе дојдат во голем број да ги проследат натпреварите Македонија – Швајцарија и Германија – Франција.