Во битката за трето место прогнозерите немаат верба во итрите Лисици

Во новото 31-во коло на Спортска прогноза ќе се бие битка за третото место во Премиер лигата. Лестер на „Кинг пауер“ го пречекува Челзи во недела, а учесниците кои досега ги приложија своите прогнози не му веруваат на тимот на Брендан Роџерс.

Високи 45,75% од прогнозерите гласаа „двојка“ за Челзи, на реми се надеваат 43 отсто од прогнозерите, а само 11% од нив веруваат дека Лестер ќе победи. Доколку Челзи вечерва го добие дербито со Сити, ќе дојде само на еден бод разлика зад итрите Лисици, кои пак уште немаат остварено победа по продолжувањето на сезоната.

Во ова коло може да се типува и на италијанското дерби меѓу Милан и Рома, а засега мнозинството прогнозери очекуваат триумф на Росонерите. Среќната 13-ка го чека првиот прогнозер со сите погодени парови за да му го додели примамливиот iPhone XS, a не треба да се заборават и останатите подароци.

Резервните парови се пресметуваат во битката за Генералниот пласман. Наскоро ќе се знае кој ќе биде шампион и освојувач на Смарт ТВ  во втората сезона во играта што ја организираме за вас и е бесплатна и многу забавна.

- Оглас -

Најнови вести