Во Битола беше нерешено, а вечерва пелистерци се аутсајдери против Спортинг

По два месеца пауза, екипата на Еурофарм Пелистер продолжува со настапи во Лигата на шампионите во ракомет, а вечерва битолчани гостуваат кај Спортинг Лисабон, кој е огромен фаворит за победа, но македонскиот првак одигра нерешено со Португалците на мечот во салата „Боро Чурлески“ и покажа дека може да му направи проблем на овој противник.

Тренерот Раул Алонсо мечот го гледа како голем предизвик за неговиот тим.

„Мора да го одиграме нашиот ракомет и да бидеме солидни во транзиција. Треба да преземеме контрола врз темпото, мислам дека тоа ќе биде клучно за да им парираме. Играат брз ракомет, даваат многу голови. Не знам дали ќе можеме да се одржиме на тој ритам, ама тоа ни е целта. Треба да се смириме, да не брзаме премногу и да бидеме добри во одбрана“, рече Алонсо.

Во Sport Life освен на околу 70 опции на кои може да се обложите во врска со натпреварот во Лисабон, може да се обложите и на стрелци, во понудата се и тројца поединци од Е. Пелистер.

Кај Филип Кузмановски границата е поставена на 5,5 гола, а неговиот просек сезонава е 6,1 гол по меч. За Богдан Радивојевиќ, кој во просек во ЛШ дава по 3,9 гола, границата е на 4,5 гола и од него се бараат барем пет гола за да биде плус, а кај Жарко Пешевски хендикепот е на 2,5. Неговиот просек засега е 2,4 гола по меч.

- Оглас -

Најнови вести