Во Битола приказната е поинаква, нема да има реприза на ланското финале во Купот

Битолскиот Пелистер е последниот полуфиналист на кошаркарскиот куп на Македонија откако вечерва дома во салата „Боро Чурлески“ го совлада Феникс со 81-70.

Со оваа победа, битолчани, кои имаат амбиција годинава за првпат во нивната историја да го освојат Купот, му се реваншираа на Феникс за ланскиот пораз во купот, па годинава нема да има реприза од финалето во 2023, во кое МЗТ го порази Феникс.

Пелистерци во полуфиналето ќе играат со Еуроникел, а во другото полуфинале ќе се сретнат скопските ривали МЗТ Скопје Аеродром и Работнички.

- Оглас -

Најнови вести