Во боксот има ново чудо: Лопес ги обедини сите четири титули (Видео)

Теофимино Лопес е новото боксерско чудо, откако во прославениот МГМ Гранд конференс центар во Лас Вегас успеа да ги обедини сите четири титули во лесна категорија. Иако е на стартот од својата кариера, 23-годишниот Лопес покажа дека е неверојатен потенцијал и направи нешто што претходно не му успеало на ниту еден боксер.

Иако во мечот против досегашниот трикратен светски шампион Василиј Ломаченко, Лопес влезе како аутсајдер, на крајот, по 12 рунди, помладиот боксер успеа да се радува. Судиите беа едногласни во својата одлука и сите тројца ја доделија победата на Лопес (116-112, 119-109, 117-111).

Лопес стана „боксерско чудо“ благодарение на неговиот разорен удар. До пред оваа борба имаше 15 победи во 15 борби, од кои 12 му беа со ноакут. Сега покажа дека е одличен и на долги борби, па не само што издржа 12 рунди, туку и го покори фаворитот Ломаченко.

https://youtu.be/aX9ci7NAPT0

Ломаченко е двократен олимписки шампион и досега беше сопственик на појасите во ВБА и ВБО верзиите. Тој имаше 396 победи во 397 аматерски борби, додека како професионалец до овој меч со Лопес, имаше 14 победи и само еден пораз. Тоа значи дека Лопес успеа да победи боксер кој во својата целокупна кариера имал 410 победи во 412 борби.

Сега Лопес е сопственик на четири шампионски појаси во лесна категорија.

- Оглас -

Најнови вести