Во Борусија се радосни што го нема Халанд: Тој стана терет во соблекувалната

Ерлинг Халанд игра фантастично за Манчестер сити откако пристигна од Борусија Дортмунд летово.

Одличниот Норвежанец има веќе 12 погодоци на седум средби, но причини за радост има и неговиот поранешен клуб кој што инкасираше 70 милиони евра.

Но, очигледно е дека не било се така „розево“ во соблекувалната на Борусија кога Халанд играше за нив.

„Тој стана терет во соблекувалната, а ние станавме презависни од него. Со секоја шпекулација за трансфер, тој му одмагаше на клубот па затоа и беше најдобра опција да се продаде.

Доказ за тоа дека сега е подобро говори податокот дека имаме десет различни стрелци и играме навистина одлично. Без него имаме верба во другите играчи“ изјави Себастијан Кел кој што е директор во бундеслигашот.

 

- Оглас -

Најнови вести