Во Братислава се играше најдолгиот меч во Европа и се случи класична балканска трагедија

Слован Братислава и Зрињски одиграа епски реванш-меч за пласман во групната фаза во Конференциската лига и точно по 3 часа, Словаците се радуваа по подобро изведување на пенали.

Вистинска трагедија во продолженијата му се случи на првакот на Босна и Херцеговина, нешто што е често судбина на екипите од регионот на поранешна Југославија.

При позитивен резултат од 1:1 и со играч повеќе, Зрињски прими гол во 122-рата минута, или во последните секунди од второто продолжение, па Слован се спаси од елиминација и потоа победи на пенали.

Првиот меч заврши со победа на Зрињски од 1:0, а и во реваншот што траеше точно 180 минути, или убедливо најдолго во квалификациите во оваа сезона во еврокуповите беше идентично, но за Слован.

Првакот на БиХ израмни во 103-тата минута, но потоа прими гол во последен миг и испадна по полошо шутирање на пеналите.

Слован утре од 14.30 часот ќе ја чека ждрепката за Конференциската лига на УЕФА.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести