Во Бразил се игра натпревар на кој на двете екипи им одговара нерешен резултат

Бразилската Серија А е во самата завршница, а додека екипата на Атлетико Минеиро се радува на титулата по пауза од 50 години, борбата за опстанокот ќе биде навистина интересна.

Шапекоенсе веќе со сигурност наредната сезона ќе го гледаме во втората бразилска лига, а ќе биде голема борба да се избегнат останатите три места кои носат пад во понизок ранг.

Од 23:00 часот вечерва играат екипите на Атлетико Параненсе и Суијаба, а ако се погледне табелата, ќе се заклучи дека на двете екипи им одговара нерешен резултат.

На три кола до крајот, вклучувајќи ја и оваа средба, домашниот тим е на 16-тото место со 42 бода, додека гостите се една позиција погоре со еден плус бод.

Зад нив следува Бахија, која е на 40 бода, има и натпревар повеќе, а е на 17-тото место, кое што носи во втората лига.

Овој тим ќе има тешки два натпревари во последните две рунди против Флуминенсе и Форталеца.

Квотата во Sport Life за нерешен исход на споменатиот меч е навистина одлична и изнесува 3.15.

- Оглас -

Најнови вести