Во бразилскиот куп се случи најголемиот пресврт во историјата (Видео)

Парана ја совлада Бахија со 3-2 во неверојатен натпревар од 64-финалето на бразилскиот куп. Гостите водеа со 2-0 до 91-вата минута и никој не ни помислуваше дека во следните минути ќе се испише историја. Ако мечот од финалето на ЛШ во 1999 помеѓу Манчестер јунајтед и Баерн е незаборавен поради пресвртот од 0-1 до 2-1 во судиско продолжение поради важноста, овој дуел од бразилскиот куп покажа дека навистина во фудбалот чудата се случуваат и не треба да се откажувате по негатива.

Судијата покажа пет минути продолжение по регуларните 90, а Парана даде два гола во 91-вата и 92-рата минута. Потоа имаше мешаници, црвен картон, па средбата потраја подолго. Во 99-та минута, Ренан Бресан даде гол од слободен удар за целосен и сензационален пресврт.

Бресан е Бразилец кој има и белоруско државјанство, во дресот на БАТЕ Борисов играше против Вардар во 2012 година, а пред три години играше на Арената во Скопје и за националниот тим на Белорусија против Македонија.

https://www.youtube.com/watch?v=kvnaUvMIQSQ&feature=emb_title

- Оглас -

Најнови вести