Покрај Македонија, на пласман на Европското првенство синоќа се радуваа и Унгарија, Шкотска и Словачка. Сите финалиња од Лигата на нации беа неизвесни до последен момент, но најголемата драма во завршницата се случи во Будимпешта, каде што домаќините во финишот направија целосен пресврт.
Исланд водеше со 1:0 до 88-мата минута, кога домаќините израмнија. Кога се очекуваше дека ќе има продолженија, во 91-вата минута гостите тргнаа во напад, имаа голема шанса за победа, но Унгарија се одбрани. Веќе во следниот напад, Унгарија стигна до погодок што ги однесе на ЕП.
Погледнете ја драматичната завршница од судиското надополнување на овој дуел.