Навивачите на Ривер плејт кои останаа во Буенос Аирес, по завршување на финалето од Либертадорес купот, излегоа на улиците да ја прослават победата над најголемиот ривал Бока јуниорс. Сепак, како што е вообичаено, славењето се претвори во хаос и дивеење на фановите на Ривер, па мораше да реагира и полицијата.
Во нередите полицијата уапси повеќе од 100 навивачи на Ривер, а за да ја смири ситуацијата, мораше да користи и солзавци.
#BuenosAires police disperse agitated fans amid River Plate's #Libertadores win celebrations pic.twitter.com/WCL9oaBg6e
— Ruptly (@Ruptly) December 10, 2018