32.8 C
Skopje
среда, 9 јули 2025

Во Бундеслигата се случи нешто што се чекаше 20 години

Се одиграа девет кола во Бундеслигата, ниту шампионот Баерн Минхен, а ниту предизвикувачот Дортмунд не се на чело на табелата. Од врвот надолу со 19 бода гледа Менхенгладбах, а Баварците заостануваат еден бод. Изненадувачки, следуваат Фрајбург и Волфсбург со по 17 бода на третото односно четвртото место, па дури потоа е вицепрвакот Дортмунд со 16 бода.

Сезоната стартуваше доста турбулентно за главните кандидати, наместо од почеток да издоминираат и повторно да направат трката за шампионската титула да се одвива меѓу два тима. И Баварците и Милионерите одиграа неколку лоши натпревари во кои загубија бодови, по што се направи врева околу смена на тренерските позиции. За Ковач ништо ново, веќе се навикна медиумите секој викенд да му даваат отказ, а тој си молчи и си работи. Фавр исто така се најде на удар на критики откако неговиот Дортмунд издвои само еден триумф во последните пет кола, но и натаму отказ не доаѓа предвид.

Интересно е што ниту еден тренер од вкупно 18 досега не остана без работа по 9 кола, нешто што се случува за првпат по 20 години пауза (последен пат се случи во сезоната 1999/2000). Во изминативе сезони, барем еден тренер добивал отказ уште во првите 9 кола, но оваа сезона не е таков случајот. Но, секако нема да биде така за долго бидејќи има клубови кои веќе спремаат реформи во стручниот штаб.

- Оглас -

Најнови вести