Богати со голови беа двата меча од Бундеслигата кои се играа вечерва, а домаќините немаа шанса да се радуваат на победа. Келн на гости кај Баер Леверкузен славеше со 2:1, а Шалке со гол од пенал во 101 минута стигна до победа на гости кај Мајнц со 3:2.
Во Леверкузен сите три гола беа постигнати во првите 36 минути, а на крајот гостите се радуваа на победа од 2:1. Со оваа победа Келн си обезбеди сигурен опстанок.
Шалке два пати водеше на гости кај Мајнц, домаќините израмнуваа и кога се очекуваше да биде завршен дуелот со 2:2, беше досуден пенал за гостите. Мариус Бултер беше херојот на гостите, откако погоди за 1:0, а потоа беше смирен го погоди пеналот во 102 минута. Со оваа победа, Шалке стигна до 30 бодови и избега од зоната за испаѓање.
Во Бундеслигата ова е прв петок во кои се играа две средби Од април 2011 година на распоредот во Бундеслигата немало да се одиграат две средби во ист петок.
2 – For the first time since the 29th of April 2011 two @Bundesliga_EN matches are played on one Friday, back then 1. FC Kaiserslautern beat FC St. Pauli by 2-0 (h) and VfL Wolfsburg won 1-0 (a) at Werder Bremen. Throwback. #B04KOE #M05S04
— OptaFranz (@OptaFranz) May 5, 2023