Екипата на Челзи испрати барање до Премиер лигата да биде одложен натпреварот против Вулверхемптон кој треба да започне за нешто повеќе од половина час.
Но, ова барање беше одбиено од страна на раководството иако засега дури шест фудбалери се позитивни на Ковид-19 вирусот.
Според Челзи, овој натпревар не би требало да се одигра, бидејќи постои голема веројатност ситуацијата дополнително да се влоши, но, од ФА на Англија не добија позитивен одговор.
За сега: Ромелу Лукаку, Тимо Вернер, Каи Хаверц, Бен Чилвел и Хадсон Одои имаа позитивни тестови, а дополнително ќе се дознае името на фудбалерот кој што испадна позитивен пред само неколку часа.
Очигледно е дека кога се во прашање парите, од ФА на Англија, не размислуваат за здравјето на играчите.