Во Челзи имаше човек кој успеа да го задржи Бензема, но, за жал, тој не беше на теренот (Видео)

Карим Бензема повторно беше главниот јунак на Реал Мадрид во Лигата на шампиони. Францускиот голгетер кој му даде три гола на Пари Сен Жермен во осминафиналето, сега повторно блесна, но овојпат на гости кај Челзи во Лондон.

Бензема повторно постигна хет-трик и го предводеше Кралскиот клуб до убедлив триумф од 3:1. Со оваа победа Реал речиси си го загарантира местото во полуфиналето на елитното натпреварување на УЕФА затоа што реваншот го игра на својот „Сантијаго Бернабеу“, каде штое речиси невозможно да загуби со два разлика.

Иако Челзи е една од екипите со најдобри одбрани во Европа, синоќа Бензема беше незадржлив на теренот. Интересно е дека единствен кој успеа да го задржи Бензема од лондонскиот клуб беше редарот пред стадионот.

Човекот задолжен да дозволи влез само на официјалните лица, без воопшто двоумење го сопре Бензема и му побара пропусница ако сака да влезе на „Стемфорд бриџ“. Можеби токму овој потег дополнително го налути Бензема, кој на теренот беше незадржлив и постигна три гола.

- Оглас -

Најнови вести