Во Челзи не им се верувало дека Арсенал сака да им го купи најлошиот дефанзивец

Ирската фудбалска легенда Тони Каскарино, изјави дека во неговиот поранешен клуб Челзи, биле изненадени кога слушнале дека Арсенал се интересира за нивниот најлош одбранбен играч Давид Луиз.

Луиз на 8 август од „Стемфирд бриџ“ прејде на „Емирејтс“ за скромни 8 милиони фунти, а според Каскарино, тоа било премија за Сините кои се ослободиле од киксерот кој не бил во плановите на новиот тренер Френк Лампард. Во Арсенал се надеваа дека доведувањето на искусниот Бразилец ќе им се подобри одбраната која со години им е слаба точка, но тоа не се случи. Топчиите е 11-ти на табелата после 19 кола, и примија 28 гола.

„Мислам дека тоа е најлошиот трансфер во летниот преоден рок. Кога Арсенал го купи Давид Луиз, знам дека реакцијата во Челзи била: Леле, па тие ни го земаа најлошпиот дефанзивец. Тој знае да игра со топката, но мислам дека како за некој со толку големо искуство, одбраната не му е доволно добра“ – рече Каскарино.

Утре Арсенал е домаќин на Челзи, па Луиз ќе се сретне со своите довчерашни соиграчи со кои го мина летото и подготовките за оваа сезона, пред да ги напушти на последниот ден од преодниот рок.

- Оглас -

Најнови вести