Роман Абрамович очекува да инкасира околу 4 милијарди евра од продажбата на Челзи, клуб што го купи за 150 милиони евра во 2003 година, а извори од Англија тврдат дека ќе се внимава кој ќе биде новиот сопственик на еврпскиот првак и дека ќе се избегнува секоја можност да биде од Кина или Саудиска Арабија.
„Процесот нема да биде лесен и ќе потрае. Многу е важно да се сочува реномето на клубот и Челзи да оди напред“, изјави Џо Равич, кој е одреден како главниот човек во продажбата на Челзи.
Англичаните ќе внимаваат да ги избегнат осетливите политички точки и ситуации при продажбата на шесткратниот англиски првак, објави Ројтерс.
Тоа имплицира дека нови газди не можат да се инвеститори од Кина и Саудиска Арабија, иако токму Саудијците минатото лето го купија Њукасл за над 300 милиони фунти.
„Челзи не смее да биде нова можна цел на политички контроверзии и конфликт со британските интереси. Тоа би значело дека капитал од Кина и Саудиска Арабија не е пожелен во клубот, особено не како нов сопственик“, објави Ројтерс, цитирајќи неименуван извор од Англија.
Се додава дека Абрамович очекува клубот да биде продаден за околу 3 милијарди фунти, а минатата седмица веќе била одбиена понуда од 2,5 милијарди фунти.
Заинтересирани има, а еден од нив е Тод Бели, кој има акции во Лос Анџелес лејкерс во НБА-лигата и во Лос Анџелес доџерс, исто така познат тим, но од бејзбол лигата во Америка.
Објавено е и дека Швајцарецот Хансјорг Вис е заинтересиран за да го купи клубот од Лондон.