Европската куќа на фудбалот (УЕФА) одлучи сите мечеви од првата нокаут фаза во Лигата на шампиони и Лигата на Европа, да започнат со минута молчење, во чест на Емилијано Сала. Аргентинскиот фудбалер минатиот месец трагично го загуби животот, откако авионот со кој патуваше, се сруши во водите на Ла Манш.
„Во името на сите од УЕФА, сакаме да искажеме сочуство на семејството на Емилијано Сала. Тоа е голема загуба за сите нас. Тажен сум бидејќи еден живот згасна на таков начин и затоа не смееме да го заборавиме“, рече претседателот на УЕФА, Александер Чеферин.
Освен минута молк пред мечевите, сите играчи на своите дресови ќе носат црна лента во знак на сеќавање на Сала.