Во чест на Кајзерот: Баерн Минхен го повлекува дресот со бројот 5!

Баерн Минхен одлучи да го повлече дресот со бројот 5, во чест на популарниот Кајзер, Франц Бекенбауер, и ова е прв ваков случај во германскиот фудбал.

Бекенбауер во јануари почина на 78-годишна возраст, а поради придонесот кој го даде за Баерн, заслужи ваква чест.

„Оваа година ФК Баерн ја загуби најголемата личност во својата историја. Драг Франц, го направивте клубот она што е денес: синоним за најголем можен успех, уникатен стил – и длабока хуманост. Како играч, тренер, претседател, како навивач. На ФК Баерн му ја дадовте харизмата што има влијание и денес. Бројот 5 останува резервиран за уникатно наследство. Да не беше Франц, ни Баерн немаше да биде тоа што е, историјата без него е едноставно незамислива“, рече претседателот на Баерн, Херберт Хајнер за време на денешното собрание на клубот.

Бекенбауер се смета за еден од најдобрите дефанзивци во 20-ти век. Овој фудбалер играше за Баерн од 1964 до 1977 година. Како репрезентативец на Германија, Бекенбауер ги освои европските (1972) и светските првенства (1974), а светска титула освои и како селектор во 1990 година. Беше и двократен освојувач на Златна топка и екс-претседател на Баерн.

- Оглас -

Најнови вести