Поразите од 60 поени разлика кои женскиот национален тим на Македонија ги имаше во дуелите со своите ривали во квалификациите за ЕП 2019 покажуваат дека поразите од Шведска и Италија се од селекции кои се при врвот на европската кошарка, поточно четврт-финалисти на континенталниот собир.
Италијанките вечерва играат четврт-финале со Русија, додека Шведска утревечер се среќава со домашната Србија. Меѓу осумте најдобри во Европа се и Белгија, Словенија, Унгарија и Велика Британија.