Кораби од Дебар ќе му биде домаќин на Вардар на стартот од новата сезона во Втората лига Запад, а дербито на првото коло ќе се игра на 25. август.
За Вардар ова е прв меч како второлигаш во првенствата на самостојна Македонија. Лани најтрофејниот наш клуб испадна од Првата лига и ќе се обиде експресно да се врати назад.
Со нив и Силекс, кој беше освојувач на пехарот во националниот куп ќе игра во истата конкуренција, а кратовци ќе му бидат гости на Кадино во првото коло.
Тетекс ќе му биде домаќин на тимот на Велешта, Гостивар ќе игра со Воска, а Охрид ја пречекува Беса.
Во Втората лига Исток Детонит ќе и биде домаќин на Беласица во премиерното коло, Осогово ја чека Саса Каменица, Слога Виница ќе игра со Братство, Победа против Кит Го и Локомотива му е домаќин на Кожув.