Во денешните пет предлози, нема ниту еден „кец“

6101 Италија – Белгија (15.00 часот)

Овој натпревар во Торино многумина го оценуваат како бесмислен, ниту на едните ниту на другите ништо не им значи третото место во Лигата на нации. Поразите во полуфиналето беа многу болни и за домашната Италија која ги разочара фановите, и за Белгија која против Франција водеше со 2-0, а загуби. Аѕурите ги победуваа Црвените ѓаволи на последните два меѓусебни дуели на европските првенства во 2021 и 2016 година. На последните шест меѓусебни дуели, паѓаа од 2 до 4 гола. Белгија ако загуби, ризикува и да го загуби првото место на ранг листата на ФИФА.

Предлог тип: 13 I & 1-3 II (1.98)

 

6102 Шпанија – Франција (20.45 часот)

Шпанците одиграа еден одличен меч на „Сан Сиро“ во Милано, но за трофеј им треба уште едно одлично издание. Франција во полуфиналето покажа слабости, но и дека ако е расположена, не постои репрезентација на светот која може да ги запре. Против Црвената фурија тешко е да се доминира, тие се тим кој секогаш ја држи топката во нозе повеќе од своите противници, но Франција нема пораз во 2021 година во меч кој траел 90 минути. Овие ривали не се сретнале меѓусебе уште од 2017 година кога се соочија во пријателски меч, а интересно е што последните седум нивни дуели биле неефикасни, со 0-2 гола.

Предлог тип: Х2 & 2-4 (2.30)

 

6707 Боливија – Перу (22.00 часот)

Боливија има три порази по ред, и само 6 бода во десет кола, но овие порази на претходните три дуели беа на гости и покажаа многу слабости во одбраната на Боливијците. Дома, Боливија е незгодна, поради огромната надморска височина во Ла Паз, а на Перуанците им требаат бодовите за да се вмешаат во битка за место на Мундијалот. Традицијата е на страна на Перу, иако овие селекции две години не се сретнале меѓусебе.

Предлог тип: 2 (3.20)

 

6709 Венецуела – Еквадор (22.30 часот)

Венецуела е најслаб тим во Јужна Америка, последна е на табелата со само 4 бода, најнеефикасни се, а Еквадор е изненадувачки трети. Еквадор ако сака пласман на СП, не смее во Каракас да помисли на друго освен три бода. Венецуела 11 месеци нема победа, додека Еквадор е тим кој во последно време најчесто или победува или губи, а редовно на нивните мечеви едниот тим не дава гол. Сепак, летоска на Копа Америка, Венецуела и Еквадор одиграа ефикасни 2-2.

Предлог тип: 2 (2.04)

 

6710 Колумбија – Бразил (23.00 часот)

Бразил е перфектен со 9 победи во 9 меча, а Колумбија е петта, и на позиција која води во бараж за СП. Колку и да се мотивите на страна на популарните Кафетероси, сепак Кариоките се подобар тим кој има и најсилен напад и најцврста одбрана во квалификациите. Колумбија од десет меча, на пет одигра нерешено. Тие и сега би биле задоволни со бод. Последен тим кој ја победил Колумбија во 90 минути е токму Бразил. Колумбија 30 години нема победа над Бразил, но играа нерешено на последните два домашни мечеви против петкратниот светски првак.

Предлог тип: Х2 & 1-3 (1.91)

- Оглас -

Најнови вести