Во дерби-мечевите се чека победа на Милан, за Њукасл над 80 отсто чекаат да биде поразен

Новото 23-то коло на Спортската прогноза носи возбудливи 13 натпревари од најсилните европски лиги, а секој прогнозер има единствена цел да се обиде да погоди Среќна 13-ка затоа што само така може да се стигне до главната премија, а тоа е освојување на мобилен телефон „ајфон 16“.

Подароци се добиваат и за погодени 12 или 11 фиксови. За 12-ка следува вредносен ваучер од 1.000 денари, додека 11 погодени средби се вреднуваат со ваучер од 500 денари.

Од понудените 13 средби, посебно внимание привлекуваат два меча. Лацио на „Олимпико“ ќе биде домаќин на Милан, а интересно е дека речиси три четвртини од прогнозерите, односно 73,5 отсто очекуваат Росонерите да се радуваат на триумф.

Во Премиер лигата, Челзи ќе игра на „Стемфорд бриџ“ против Њукасл. Синоќа Њукасл на свој терен пропушти победа над Барселона во Лигата на шампионите и одигра 1:1, но прогнозерите немаат многу верба во овој тим, па над 80 отсто чекаат Челзи да се радува во првенствената пресметка.

- Оглас -

Најнови вести