1703 Лил – Олимпик Марсеј (21 ч.)
Лил се бори за излез во Европа, а Олимпик Марсеј е во мисија за второто место кое води директен пласман во Лигата на шампиони. Лил игра одлично дома и сезонава има 11 победи, четири реми и само два порази, но факт е дека и Марсеј е вториот најдобар тим на гостински терен.
Неверојатна е традицијата која вели дека на последните девет средби на овие две екипи, секогаш на крајот имало од два до три погодоци.
Предлог тип: 2-3 гола (2.06)
1806 Баерн Минхен – Лајпциг (18:30 ч.)
На две кола до крајот, Баерн Минхен има само еден бод повеќе од Борусија Дортмунд и денеска игра дерби против Лајпциг кој е трет на табелата. Баварците дома немаат ниеден пораз, но едноставно сега им треба победа за да бидат сигурни дека во последното коло сами ќе си решаваат за титулата.
Во последните 10 меѓусебни дуели, Баерн Минхен има пет победи, а пет средби завршиле нерешено.
Предлог тип: 1&3+ (1.77)
3004 Милан – Сампдорија (20:45 ч.)
Милан уште се надева дека може да се избори за место во Лигата на шампиони за следната сезона, додека Сампдорија е одамна отпишана и следната сезона ќе игра во Серија Б.
Најслаба одбрана и очаен напад има Сампдорија, па секако дека Росонерите на свој терен се апсолутни фаворити за освојување на трите бода.
Предлог тип: 1-1&3+ (1.95)
1540 Фамаликао – Порто (21:30 ч.)
Порто уште гаи надежи дека може да го одбрани шампионскиот трон во домашното првенство. На две кола до крајот, Порто има четири бода помалку од Бенфика, но се надева дека лидерот во ова коло ќе загуби на гости во дербито кај Спортинг, па да се доближи само на еден бод заостанување.
Порто сезонава на гости има 11 победи, четири реми и само еден пораз, а Фамаликао е тим кој е сигурен на средината од табелата, но сигурно ќе игра да ги расипе плановите на фаворитот.
Предлог тип: 1-3 I & 1-3 II (1.86)
1007 Нотингем Форест – Арсенал (18:30 ч.)
Меч кој многу повеќе значи за домаќините. Нотингем има 34 поени и е три бода над Лидс кој е во зоната за испаѓање, на две кола до крајот. Во првиот дел од сезоната Арсенал на свој терен славеше со 5:0, но сега Топчиите се помирени дека нема да бидат прваци и мотивот им е помал.
За домаќините ќе биде многу важно да освојат и еден бод, па тука може да се брка игра дека Арсенал нема да победи.
Предлог тип: 1Х&2+ (3.00)