Во Џенова се „крчка“ тандем Пандев-Балотели

Џенова е во преговори со Марио Балотели. Клубот чиј член е Горан Пандев, на проблематичниот напаѓач му нуди едногодишен договор. Последен клуб на Балотели беше Бреша, каде што не се прослави (5 гола на 19 меча), но во Џенова, каде што би бил во тим со мајсторот Пандев, со кого играа и во шампионската 2010 во Интер, би можел да има подобри бројки.

Најпрвин во Џенова го одбиле предлогот на агентот Мино Рајола, но сега почнале да ги договараат личните услови со слободниот Балотели, кој неодамна наполни 30 години. Популарниот Бало, кој беше најавуван како чудо од дете, има играно за Интер, Манчестер сити, Милан, Ливерпул, Ница, Марсеј и Бреша.

- Оглас -

Најнови вести