-1.2 C
Skopje
среда, 17 декември 2025

Во дневна соба исто како на стадион, тренерот на Келн дома урлаше по своите играчи (Видео)

Тренерот на Келн, Штефен Баумгарт, поради позитивен резултат на Ковид-19, мораше да остане дома во карантин, и не можеше да ја води својата екипа на дуелот со Фрајбург од Бундеслигата.

Видео кое го сними ќерката на тренерот и го објави на Тик-Ток, докажува дека темпераментниот Баумгарт и дома се однесува исто како покрај аут-линијата, и викаше гласно кога неговите играчи ќе направеа грешка.

Иако Јарците не можеа да го слушнат, тој им даваше инструкции додека гледаше на телевизија заедно со сопругата Катја, ќерката Емилија и кучето Јори кое пробуваше да го смири газдата.

Келн победи, а Баумгарт рече дека се надева оти соседите нема да се жалат на неговото однесување.

https://twitter.com/i/status/1490091074592940034

- Оглас -

Најнови вести