Во документарниот филм посветен на Федерер ќе се појави и Ѓоковиќ

Пред стартот на годинешниот Вимблдон ќе биде промовиран документарниот филм посветен на Роџер Федерер.

Во документарниот филм ќе бидат опфатени последните 12 дена од кариерата на Швајцарецот, кога веќе се знаеше дека ќе замине во пензија, заклучно со неговиот последен меч што го играше на Лејвер купот во 2022 година.

Федерер за последен пат со рекетот во рака на терен се појави во мечот во двојки заедно со Рафаел Надал против Американците Френсис Тијафо и Џек Сок.

Во филмот ќе се појави и Новак Ѓоковиќ, кој ќе зборува за ривалството со Федерер, а за Швајцарецот ќе зборуваат и Рафаел Надал и Енди Мареј.

Режисер е Асиф Кападија, кој веќе е наградуван на фестивалот БАФТА за документарните филмови посветени на Аиртон Сена, Диего Марадона, како и на Ејми Вајнхаус.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести