Во Доностија, Барса донесе 35 милиони евра за Вилијан, Реал Сосиедад бара уште толку

Жозе Вилијан може да се пресели во Барселона само ако Каталонците комплетно ја платат клаузулата од 70 милиони евра на сметката на Реал Сосиедад, вели тренерот на Баскијцитете, Иманол Агуасил.

Барселона подготви 35 милиони евра за одличниот Бразилец на Реал Сосиедад, но тоа е само половина од сумата што е назначена како отштета со клаузула во договорот во случај Вилијан предвреме да си замине од Сан Себастијан или како што го нарекуваат домаќините, Доностија.

„Барса го сака Вилијан? Нема проблем, нека платат 70 милиони евра, колку што е отштетната клаузула, и тогаш немаме што да приговориме“, изјави Иманол.

Бразилецот сезонава е прв стрелец на Реал Сосиедад со 8 гола, а ние го паметиме по брилијантната претстава во Скопје, кога на Вардар му даде четири гола во победата на шпанскиот тим од 6:0 во меч од Лигата на Европа.

- Оглас -

Најнови вести