Во Дортмунд гостува тим кој во претходните две кола даде осум гола

1009 Њукасл – Арсенал (17.30 часот)

Чавките се во добра форма, имаат серија од три победи по ред, и одат по нов триумф кој ќе ги доближи уште повеќе до место во ЛШ, но Арсенал се бори за титула и нема право на грешка, туку мора да победи ако сака да остане во трката со Сити. Њукасл е тим со најмалку примени голови во Премиер лигата, но во претходните три кола примаше по еден гол, а Арсенал е втор најефикасен тим во лигата. Од 2011 наваму не било нерешено на „Сент Џејмс парк“ кога играле овие два тима.

Предлог тип: ГГ второ (2.70)

 

1809 Борусија Д. – Волфсбург (17.30 часот)

Борусија е фаворит, но на домашните нема да им биде лесно, бидејќи Волфсбург во претходните две кола даде вкупно осум голови, и се бори за излез во Европа. Дортмунд само со победа останува сериозен кандидат за титулата, реми или пораз речиси ги отпишува. Борусија има само четири ремија сезонава во 30 кола. Последен гостин кој остана непоразен во Дортмунд беше Манчестер сити во октомври. Во минатата сезона, Волфсбург на овој стадион загуби со 1-6, но есеноска беше 2-0 за Волфсбург кој тогаш беше домаќин.

Предлог тип: 1 & 2-5 (1.88)

 

1955 Гиресунспор – Фенербахче (18.00 часот)

Фенер е втор на табелата, а Гиресунспор е практично втор од долу бидејќи два тима се откажаа после земјотресот и веќе не играат, па тука е јасно кој е кој. Истанбулските Канаринци се најефикасен тим во лигата и уште се борат за титула. Фенер победил на сите свои гостувања во Гиресун, но во првиот дел од сезоната, Гиресунспор шокираше во Истанбул со победа од 2-1.

Предлог тип: 2-2 (2.17)

 

1010 Вест Хем – Манчестер ј. (20.00 часот)

За Вест Хем кој има три порази по ред, овој тежок дуел доаѓа во лош момент, на Чеканите загрозен им е премиерлигашкиот статус, иако и со пораз вечерва нема да се најдат на некое од трите последни места на табелата. Манчестер јунајтед после болниот пораз од Брајтон, продолжува да се бори за место во ЛШ. Традицијата е на страна на гостите. Манчестер има три победи по ред против Вест Хем, а Ѓаволите победија и на последните две гостувања во Лондон.

Предлог тип: Х2 & 2-4 (1.95)

 

3672 Лече – Верона (20.45 часот)

Лече има четири бода повеќе од загрозената Верона и ако победи, ќе биде блиску до обезбедување опстанок. Ова е дуел на два неефикасни тима кои сезонава имаат просек помал од еден гол по натпревар. Верона уште од април минатата година нема победа на гости, но победија на последното гостување кај Лече во 2019 година. Во јануари, Верона дома го совлада Лече со 2-0.

Предлог тип: 1 & 0-3 (2.70)

 

- Оглас -

Најнови вести