Во досаден меч, Белгија сама си даде гол, па Франција е во четвртфиналето (Видео)

Репрезентацијата на Франција се пласира во четвртфиналето на Европското првенство откако минимално со 1:0 славеше над Белгија. Во досаден меч, на кој двете екипи повеќе мислеа да не примат гол отколку да дадат, на крајот Белгија си постигна автогол.

Клучниот момент беше во 85-тата минута, кога Коло Муани шутираше, а топката ја блокира Јан Вертонген, го смени правецот, го измами голманот на Белгија и заврши во мрежата.

https://twitter.com/i/status/1807832323326366169

Франција во четвртфиналето сега го очекува подобриот од дуелот меѓу Португалија и Словенија.

- Оглас -

Најнови вести