Во дрес на локалниот фудбалски клуб полесно се добива тениски меч

Дона Векиќ имаше необичен аутфит за мечот со Американката Кристи Ен и дресот на локалниот фудбалски клуб Зенит ѝ донесе среќа и победа во првото коло на тенискиот турнир во Санкт Петербург.

Поранешната девојка на Станислас Вавринка ја изненади публиката со дресот на нивниот омилен фудбалски клуб, а на теренот во „Сибур арената“ рутински ја победи првата противничка на турнирот.

Векиќ, која е седма носителка на турнирот, славеше со 6:4, 6:1 и во следното коло ќе игра со победничката од рускиот дуел меѓу Дарија Касаткина и Екатерина Александрова.

Хрватската тенисерка лани играше во финалето на турнирот, но не успеа да ја освои титулата по поразот од Кики Бертенс со 6:7, 4:6.

 

- Оглас -

Најнови вести