Во дуелот на последните два шампиони квотите се на страната на Шкупи, одличен е коефициентот за Вардар да изненади во Штип

Денеска ќе се комплетира деветтото коло во Првата македонска фудбалска лига, а според квотите во Sport Life за петте натпревари, најмали шанси за победа им се даваат на Гостивар и на Вардар. Гостивар ја пречекува Шкендија која е лидер на табелата и квотата за триумф на тетовските Црвено-црни изнесува 1.69, додека за триумф на домаќинот е 4.40.

Квотите не му даваат големи шанси ниту на Вардар кој во Штип игра против Брегалница. Иако Вардар во последните 19 години, само еднаш загубил од Брегалница во меѓусебните дуели, денеска е аутсајдер според квотите во Sport Life. Квотата за триумф на Црвено-црните изнесува 4.35, додека таа за победа на домаќинот е 1.70.

Дербито на колото ќе се игра во Скопје и тоа меѓу последните два шампиони, Шкупи Струга ТЛ. И двата тима имаат по 15 освоени бодови, но шампионот Струга ТЛ има одиграно два меча помалку од Шкупи.

Шкупи славеше на последните два меѓусебни меча кои ги играше на домашен терен (1:0 и 4:0) и денеска ги има квотите на своја страна. Коефициентот за триумф на Шкупи изнесува 1.79, додека тој за победа на шампионот е 4.20. Според традицијата, домаќинот најчесто ги освојувал бодовите.

Во останатите два меча, домаќините ја имаат фаворитската улога. Работнички го пречекува Тиквеш, додека Силекс во Кратово е голем фаворит против Воска спорт.

- Оглас -

Најнови вести