Во духот на Боксинг деј, Њукасл и Манчестер јунајтед ќе даваат голови

5787 Ал-Раед – Ал-Ахли (Премиер лига, Саудиска Арабија, 13.20 часот)

Езџан Алиоски ќе го игра последниот натпревар за 2021 година на гости против тимот за кој неодамна играше Ферхан Хасани.

Ал-Раед има три бода предност пред Ал-Ахли, а и двете екипи не можат да бидат задоволни од досегашните настапи бидејќи се далеку од врвот и од првите три места што гарантираат настап во квалификациите за учество во Лигата на шампионите на Азија.

Во последно време дуелите меѓу Ал-Раед и Ал-Ахли се ефикасни, а на два од нив имаше и 8, односно 9 гола.

Предлог тип: 4+ (3.00)

 

1017 Дерби каунти – Вест Бромич албион (Чемпионшип, Англија, 16 часот)

Дерби каунти има двојна казна поради финансиска несолвентност сезонава и игра во Чемпионшип со минус 21 бод, што значи дека на популарните Овни им нема спас.

Во духот на англискиот фудбал избраниците на Вејн Руни нема да се предадат и ќе се борат докрај за да избегнат испаѓање, но јазот од 17 бода, колку што моментно Ридинг има повеќе од Дерби, на првата позиција над зоната за испаѓање се премногу за квалитетна лига каква што е Чемпионшип.

Вест Бромич албион бие битка за директен пласман во Премиер лигата, а моментно е четврти со 41 бод, четири помалку од лидерот Фулам, два од Борнмут и еден од Блекбурн.

Само првите две позиции водат сигурно во Премиер лигата и ВБА денеска нема да пропушти да се доближи уште три чекори до целта.

Предлог тип: 2 & T2 2+ (2.14)

 

2840 Коњаспор – Бешикташ (Суперлига, Турција, 18 часот)

Коњаспор е изненадувањето на полусезоната во Турција и ако денеска победи, ќе ги задржи шансите за остварување на сонот во битката за титулата.

Поранешниот тим на нашиот ексмладински репрезентативец Ердон Даци е на второто место, со 10 бода зад Трабзонспор, но и со меч помалку, овој денеска против актуелниот шампион.

Силата на Коњаспор е домашниот терен, каде што немаат загубено ниту еднаш сезонава во првенствен меч и освоија многу бодови, дури 21 со шест победи, три нерешени и без пораз.

Бешикташ игра слабо и одбраната на титулата е невозможна мисија со цели 18 бода помалку од лидерот Трабзонспор.

Играчите на Коњаспор играат извонредно тимски, а во минатото често знаеја да го изненадат гигантот од Истанбул на свој терен.

Предлог тип: 1Х & 2+ (1.88)

 

1010 Њукасл – Манчестер јунајтед (Премиер лига, Англија, 21 часот)

Њукасл и Манчестер јунајтед ќе го играат последниот дуел од 19-тото коло, и тоа ден по празничниот Боксинг деј.

На „Сент Џејмс парк“ ќе има празнична атмосфера, но на „црно-белите“ и не им е до многу славење.

Моментно се претпоследни на табелата со 10 бода, па некако и спласна еуфоријата на навивачите по доаѓањето на богатите Саудијци кои го купија клубот, но сега им се заканува преселба во понизок ранг.

Ниту кај Манчестер јунајтед оваа сезона не мина без турбуленции. Оле Гунар Солскјер доби отказ, па Ралф Рангник се обидува да го среди тимот што има потенцијал, но нема титули откако си замина Сер Алекс Фергусон.

И двете екипи не можат да калкулираат, мора да се напаѓа за да се освојат бодовите, а и традицијата во последно време вели дека има многу голови на дуелите меѓу Њукасл и Манчестер јунајтед.

Предлог тип: ГГ & 4+ (3.05)

 

1662 Бершот ВA – Андерлехт (Жупилер лига, Белгија, 21 часот)

Гигантот Андерлехт во многу важен меч му гостува на фенерџијата Бершот, а бодовите им се неопходни и на двете екипи.

Андерлехт е најтрофејната екипа во Белгија и симбол на фудбалот на оваа земја со 34 шампионски круни, двојно повеќе од Клуб Бриж, но во последно време му гледа в грб на ривалот, кој беше првак во три од последните четири шампионати.

Андерлехт се обидува да си ја врати доминацијата, но засега тешко му оди. Денеска ќе се обиде со победа против Бершот да остане во топ-4 на табелата, односно меѓу екипите што ќе играат плејоф за титулата.

Бершот, кој е создаден со фузија во 2013 година, за првпат сезонава игра во највисок ранг во Белгија, но според тоа како играа досега, печени се за испаѓање.

Тимот од Антверп има само 9 бода по 19 кола и типуваме дека така ќе остане и по денешниот меч со Андерлехт.

Предлог тип: 2 (1.52)

 

 

 

 

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести