Вулверхемптон го има победничкиот рецепт за Ливерпул во мечевите од ФА купот, а и вечерва популарните волци беа подобри од фаворитот, славеа со 2:1 и се пласираа во четвртото коло.
Триумфот на лидерот во Премиерлигата на „Молињу“ пред петнаесеттина дена во меч од англиското првенство не се повтори, па Вулверхемптон се реваншираше за поразот од 0:2 на 21. декември.
Раул Хименес ја искористи грешката на Милнер во 38. минута и им донесе предност на домаќините од 1:0. Дивок Ориги израмни на 1:1 на почетокот на второто полувреме, но за да биде идентично како и лани во меч од ФА купот меѓу двете екипи, се погрижи Рубен Невеш.
Португалецот погоди од далечина во 55. минута, за конечни 2:1 за Вулверхемптон и за уште една елиминација на Ливерпул од волците.
https://www.youtube.com/watch?v=63IBVXkx1v4
Во 2017 година во четвртата рунда од ФА купот Вулверхемптон го победи Ливерпул на гостински терен со идентични 2:1, а дека е тежок ривал за една од најтрофејните екипи во Англија говори и петтата победа во седмиот меѓусебен меч во националниот куп на Англија.
По серијата од 20 меча без пораз во Англија, сега Ливерпул има два порази по ред и се уште е без триумф во 2019 година.