Раководството на Борусија Дортмунд им врачи отказ на 11-мина играчи од вториот тим, и тоа во еден ден. Ваквата одлука е донесена со цел да се заштитат финансиите, а играчите кои повеќе не се членови на клубот наводно го немале потребниот квалитет за во иднина да заиграат за првиот состав.
Германските медиуми воедно најавија дека ова е краткотрајно решение, а штом клубот биде во можност, односно ситуацијата се стабилизира, ќе се ангажираат нови адекватни фудбалери.
Познато е дека пандемијата со корона-вирусот создаде финансиска криза за многу клубови, а очигледно е дека не ги одмина ниту Милионерите, па се одлучија на ваков несекојдневен потег.