Во една сезона 100 погодоци? Не е лошо за дефанзивен тим

Тотенхем вчера лесно го надигра Кристал палас со 4-1 во мечот од 27-moто коло во Премиер лигата, со што Петлите се наметнаа во трката за топ 4 местата во англиското првенство.

Со четирите погодоци, поделени по два за Кејн и Бејл, тимот на Жозе Мурињо стигна до учинок од 100 гола во сите натпреварувања во актуелната 2020/21 сезона и е само втора екипа во Европа зад Баен Минхен (106) која стигна до ова остварување.

Специјалниот, секако, мораше да прокоментира, по што ги пецна критичарите кои не ја почитуваат неговата тактика.

„Доколку статистиката е точна и сме постигнале 100 погодоци сезонава, за еден дефанзивен тим не е лошо. Ова беше добра недела за нас. Три победи, девет бода, па сега ни следува важен меч во Лигата на Европа, а потоа и дербито против Арсенал“, истакна Мурињо.

Тотенхем во четврток го пречекува составот на Динамо Загреб, Аријан Адеми и Стефан Ристовски гостуваат во Лондон, во рамките од првиот осминафинален дуел во Лигата на Европа.

- Оглас -

Најнови вести